Полни и парцијални товари
Нашата услуга на целосни и парцијални товари во меѓународниот патен транспорт подразбира силна и доверлива транспортна флота, поседување на потребниот број билатерални, транзитни и ЦЕМТ дозволи за вршење на патен превоз до дестинации во Европа во текот на целата година, како и доволен број на возачи за покривање на специфичните барања.
Секогаш спремни за предизвици
Превозот на целосни и парцијални товари се врши со различни видови транспортни средства во зависност од вашите барања: шлепери, мега возила, тандеми, возила-ладилници, соло камиони и комбиња.
Со современи софтверски решенија и системска контрола на процесите и возилата 24/7, гарантираме квалитетна услуга и целосна поддршка во текот на целосниот процес на организирање на транспортот, од набавка и контрола на документација, преку следење на манипулативните процеси на местата за утовар/истовар и постојано и континуирано известување за состојбата на граничните премини и царинските испостави.
Дали ви требаат услуги за целосно и парцијално товарање? Испратете ни барање за понуда и некој од тимот на Парт Логистик ќе ве контактира наскоро.